НА ЗДРАВЈЕ: Комисија ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за шесто одделение! Не соодветствува со научната реалност!

t

 Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за шесто одделение, известуваат од Министерството за образование и наука.

МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.

-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.

МОН наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и дека во тој процес ја вклулува и јавноста со тоа што граѓаните може да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса: [email protected]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…

Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија…

Овој месец стотици студенти во државата останаа…

МОН воведе четбот за користење на електронскиот…

Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…

Левица: Министерството за образование како селска крчма

Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…