На крај на месецов судење за тепањето на Пендиков

t

На лицето кое го претепа Христијан Пендиков ќе му се суди на 28 февруари кога Основен суд во Охрид го закажа првото рочиште, откако обвинителството експресно стокми обвинение.

Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Иако обвинетиот се бранел со молчење, тој е обвинет за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Сепак, обвинителството нема официјална потврда дека другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство, со што се отвори прашањето дали нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност, објави Телма.

Пендиков кој доби лекување во Софија, како „Бугарин“ кој го чека бугарскиот пасош доби стан, а сега и студии во Софија.Ова го соопшти потпрестедателкта на Бугарија Илијана Јотова која во амбасадата на Бугарија во Скопје се сретна со претставници на бугарските здруженија во Македонија.

Зоран Димитровски од Демократски сојуз кој до скоро беше дел од власта, во интервју изјави дека премиерот Димитар Ковачевски на средбата со коалиционите партнери изјавил дека МВР го расчистило случајот и истиот бил заради долг поврза со наркодилерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…