На лokaцијата каде изгоpea бараките на Улици и Патиша треба да се гради згpaда

t

На местото каде пред неколку дена изгореа бараките на ЈП Улици и патишта, кај ТЦ Буњаковец во центарот на Скопје, предвидена е изградба на станбена зграда.

Според објавата на Фокус, на таа локација била вцртана маркица за изградба на шесткатна зграда со намена А2, со што, според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, се означува „домување во станбени згради“.

Tоа било предвидено со Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, кој беше под мораториум од Советот на Општина Центар, додека градоначалник на оваа општина беше Саша Богдановиќ.

Како што е познато, завчера, на 22 декември ноќта по експлозија во едно возило настанал пожар во кој изгореа бараките на ЈП Улици и патишта.

И МВР соопшти детали за пожарот:

Пријавата ја добиле околу 1:15 часот дека на ул.„Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје.

Едно од оппожарните возила, како што објавија повеќе медиуми, било во сопственост на обвинителот на поранешното СЈО, Гаврил Бубевски. Станува збор за автомобил марка „шкода“, кој бил паркиран на јавен простор веднаш пред возилото марка „нисан“ кое експлодирало „нисан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Од утре летен времен режим на сообраќај…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…