На местото на изгорената модуларна болница во Тетово ќе има паркинг, вели Меџити

t

На местото на модуларната ковид болница во Клиничката болница во Тетово ќе се гради паркинг, а ќе се преместува и Инфективното одделение, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денес беше на пуштање на новиот Ургентен центар во оваа здравствена установа.

На новинарските прашања како ќе се надминува недостигот на паркинг места, министерот рече дека тоа ќе биде истото решение што го има за Скопје.

„ Го имаме истото решение како од Клиничкиот центар, тука ќе биде кај што беше модуларна болница. Инфективно одделение, гледаме како можеме да го преместиме од таму зошто условите се многу лоши“, изјави Меџити.

Модуларната ковод болница во Тетово изгоре на 8 септември 2021 година и во пожарот загинаа 14 луѓе кои се лекуваа во неа. Вчера поранешните директори на Клиничка болница Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми беа условно осудени за пожарот во болницата, бидејќи не обезбедиле противпожарен апарат, а докторот Бобан Вучевски кој исто така беше обвинет, беше ослободен.

Министерот Меџити и директорот на Клиниќката болница Тетово Плумб Вела најавија дека во скоро време ќе се завршат повеќе проекти за подобро работење и поквалитетни услуги на граѓаните. Според министерот Меџити се прави обид за надминување на повеќегодишниот проблем и замена на расипаните лифтови.

„Во оваа установа решаваме и долгогодишен проблем како што е тој со лифтовите. За таа цел во тек е набавка на пет нови лифтови од Министерството, а во тек е постапка за набавка за два лифта преку Клиничка болница Тетово“, изјави Меџити.

Министерот рече дека за недостигот на медицински персонал не само во оваа туку и во останатите болници во земјата побарал тематска седница на Влада.

„Ако сега дадеме на некој здравствен работник шестмесечен договор на дело, тоа по автоматизам по шест месеци да има трајно решение што подразбира за шест месеци моите колеги точно ќе знаат дали тој кадар може да ја работи таа работа, дали има способности за таа работа. Ако нема, ќе си заминат ќе бараат друго чаре, ако има такви способности ќе добие трајно решение“, изјави Меџити.

Министерот рече дека ќе бара подобро менаџирање од директорите на болниците, за да не повторува ситуација годишниот буџет да не се искористува па на крај на годината Фондот за здравствено осигурување да ги повлече тие пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…

Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина…

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за…