На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата за предмети против функционери од СДСМ откако Филипче испрати писма до ЕУ за политички прогон

t

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за прогон на поранешни премиери и функционери од СДСМ му се сè посилни, откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, испрати писма до Европската Унија и амбасадорите за сериозно нарушување на уставниот поредок по изјавата на премиерот дека „има чувство“ дека набргу високи функционери на СДСМ ќе бидат опфатени со предмети.

„Па добро сега, секој има право да си се допишува и да си праќа писма, но моите чувства се сè посилни“, рече Мицкоски коментирајќи ги писмата.

СДСМ претходно, преку соопштение посочи дека Филипче во име на партијата испратил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во кои вели дека има сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија.

„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“, стои во писмата кои ги испратил Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…