На патот Истибања – Македонска Каменица се преврте приколка од камион
На патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близина на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот се случи сообраќајна несреќа при која се преврте приколка од камион. Како последица на инцидентот, сообраќајот на овој дел од патот е целосно во прекин.
Од СВР Штип го потврдија настанот и соопштија дека на терен е испратена увидна екипа која работи на утврдување на причините за несреќата. Засега не е познато дали има повредени лица.
На местото се очекува пристигнување на специјализирана дигалка која ќе ја отстрани превртената и искршена приколка од коловозот и ќе овозможи нормализирање на сообраќајот.
До завршување на увидот и расчистување на патот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни правци. Надлежните апелираат до возачите да бидат трпеливи и внимателни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…