На повидок нова нуклeaрна кaтaстрофа: Нивото на радијација во Чернобил зголемено за седум пати

t

Стандардното ниво на радијација во централата во Чернобил е надминато седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со исклучените зони.

Според најновите податоци од нуклеарната централа во Чернобил седум пати е надмината брзината на апсорбираната доза на сензорите во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“.

„Украина ја загуби контролата врз системот пред два дена. Најновите податоци покажуваат дека стапката на апсорбирана доза на сензорот во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“ е надмината седум пати“, соопшти агенцијата.

Според нив, „тоа укажува на злоупотреба на безбедносните системи и немање потребна експертиза за заштита на нуклеарните капацитети“.

Агенцијата потсети и дека Украина ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија за губење на контролата врз нуклеарните и радијационите капацитети во зоната на исклучување.

„Го свртуваме вниманието на меѓународните партнери и организации на напорите на руските војници да ги окупираат нуклеарните централи во Украина и нивните напори за демонстративно зголемување на нивното присуство и распоредување опрема во близина на стратешки локации“, соопшти агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…