На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против М.Н. (24) од Кочани поради основи на сомнение за обид за убиство.
„На 14.9.2024 во 6.30 часот на граничен премин Табановце, М.Н. е уапсен од полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, извести полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…
Акциите на производителот на чипови паднаа за…