На црковно место најприродно е да има крст, велат од одборот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка

t

Од Црковниот одбор при манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка по низата реакции за поставениот 15-метарски крст во имотото на манастирот, велат дека на вакавско место најприродно е да има крст.

Во случајов со крстот на Попова Шапка тој е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат, дополнуваат од одборот.

„Крстот е симбол на христијанската вера и истиот не треба да биде јаболко на раздорот во нашето општество, законот треба да се почитува, но не селективно. Според Законот за градење, па дури и за контејнер за отпад треба да имаш дозвола за поставување, тоа кај нас не се почитува, не само низ Попова Шапка туку и низ градовите, тоа е пракса, а не закон, најголем дел од таа урбана опрема да биде поставена без решение за поставување. Не знам зошто толку се дигна врева за Попова Шапка. Не е подигнат крстот како некои други дури и објекти на државно земјиште, тој е подигнат во дворот на манастирот“, вели архитектот Богосав Божиновски, кој е и член на црковнит одбор на манастирот.

Тој бара преку поставениот крст да не се собираат политички поени во пресрет на изборите. Истиот не треба да се споредува со никаква етничка припадност оти тој е симбол на сите христијани.

„Тука нема политика и ништо друго од тоа што го слушаме од реакциите на политичките партии. Чисто тоа е иницијатива на верници тука само сакам да напоменам дека гледам топката се префрла на национална основа Албанци, Македонци. Секој верски објект припаѓа на верниците без разлика на нивната национална припадност. Има Македонци православни, Албанци па и Турци православни.Сите тензии да се спуштат и да се размисли со ладна глава, нема потреба од подигање на тензии на национална основа. Јас знам дека сега сето ова се користи во предизборие, свесни се и граѓаните иако политичарите се обидуваат да го искористат ова“, вели Божиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…

Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина…

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за…

МВР: Нема повредени во пукањето во Тетово

Ниту едно лице не е повредено во…