Пудлите на Мицкоски здружено бараат отстранување на крстот во Тетово: ДПМНЕ молчи!

t

„Ја повикуваме Комисијата за односи со верските заедници, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Тетовска митрополија, согласно нивните надлежности, да преземат мерки и самите да го тргнат крстот и да не дозволат верата да се трансформира во инструмент на создавање тензии меѓу нашите граѓани“, изјави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, на прес-конференција на Европски сојуз за промени, заедно со лидерите на Алтернатива и Демократско движење, Африм Гаши и Изет Меџити, во врска со поставениот 15-метарски крст на Попова Шапка кај манастирската црква Свети Наум Чудотворец.

Воедно, рече Касами, го повикуваме Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како орган со директни овластувања во оваа работа, да постапи што е можно побрзо согласно своите должности.

„Знаеме дека оваа институција е под раководство на ДУИ и доколку не постапат ќе ги сметаме за тивок партнер со македонските партии, порано со ВМРО-ДПМНЕ, сега со СДСМ. И, ги повикуваме итно да се приклучат на постапката врз своите законските обврски, бидејќи таквите провокации се непростливи за никого“, рече Касами.

Според партиите од сојузот, минатото е потврда дека ваквото поставување на култни објекти без, како што беше речено, одобрение, без план и со наметнување, претставува провокација.

„Имаше вакви сценарија во минатото, како кога пред избори една македонска партија глуми лав, а една албанска партија глуми орел. А потоа се претвараат во маче и во врапче. Затоа, повикуваме на мир, љубов и меѓусебно почитување, а се обраќаме до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да не дозволи да стане жртва на националистичките политики. ДУИ и македонските партнери ги повикуваме да престанат да ги злоупотребуваат верските симболи за да добијат дневни политички поени, под итно да излезат во јавноста и да побарат од МПЦ-ОА да го тргнат крстот, а на тој начин ќе се создадат услови за развој на меѓусебното почитување и соживот. Воедно сите верски заедници ги повикуваме да се облагородат во духовниот живот на нашите граѓани и да не  дозволат да се инструментализираат за политички цели. Ние нема да молчиме кога некој сака да ги наруши мирот, хармонијата и меѓуетничките и меѓуверските односи во нашата земја“, рече Касами.

Тој рече дека за волја на вистината, на Попова Шапка веќе има по еден култен објект на муслиманите и на православните и дека тоа до денес никому не му пречело.

Македонските политички партии и денеска молчат, нема ниту реакција ниту соопштение во врска со темава. Она што “зачудува” е што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ молчат на темава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…