НА ЉУБОВТА Ѝ ДОЈДЕ КРАЈОТ: Рики Мартин се разведе од 13 години помладиот Џван Јосеф
Славниот пејач Рики Мартин (51) и неговиот сопруг, шведскиот сликар Џван Јосеф (38) постигнаа договор за развод.
Според судските документи до кои дојде американскиот портал ТМЗ, поранешниот пар склучил неоспорен писмен договор. Деталите сè уште не се објавени, а во моментов бараат од судијата да го потпише споменатиот документ.
Инаку, минатиот месец со јавноста споделија дека се разделуваат по 6 години брак.
– Решивме да го завршиме нашиот брак со љубов, почит и достоинство кон нашите деца и почитувајќи го она што го доживеавме како пар за сите овие прекрасни години – наведоа во соопштението.
– Сега нашата најголема желба е да продолжиме со здравата семејна динамика и односот фокусиран на мир и пријателството за да продолжиме заеднички да ги воспитуваме нашите деца. Сакаме да ја зачуваме почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг – додале понатаму.
Да потсетиме, Рики и Јосеф се родители на две мали деца, ќерката Лусија и синот Рен. Мартин има и синови близнаци, Матео и Валентино, а сите деца се родени преку сурогат – мајка.
Рики и Јосеф почнаа да се гледаат во 2015 година. Една година подоцна ја потврдија врската и ја објавија свршувачката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…
Путин отворено за Вучиќ: Се надевам дека…
Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека…