НА 18 ГОДИНИ СЕ СВЕЖИ ЗА ФРОНТ.. Бајден сака Украина да мобилизира помлади војници
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја повика Украина да ја намали минималната возраст за воена мобилизација од сегашните 25 години на 18 години за да се компензира недостигот од војници. Повикот е упатен неколку недели пред инаугурацијата на републиканецот Доналд Трамп, кој би можел да преземе нов пристап кон Украина.
Висок претставник на администрацијата на Бајден рече дека Украина се соочува со криза во регрутирањето на војската.
– Вистината е дека Украина во моментов не мобилизира и не подготвува доволно војска за да ги замени загубите на бојното поле и да се спротивстави на зголемениот број руски сили – рече претставникот.
Киев веќе ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години.
Белата куќа вчера појасни дека американската воена помош на никаков начин нема да биде поврзана со условот за намалување на старосната граница за мобилизација во украинската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…