На 78 години почина академик Глигор Каневче
Академик Глигор Каневче, научник и професор од областа на енергетиката, животната средина, термотехниката, термоенергетиката и процесната и мерната техника почина на 78 години.
Тој беше роден во Охрид, а поголемиот дел од животот го помина во Битола. Имаше дипломирано на Машинскиот факултет во Белград (1969), а докторската дискретација ја одбранил на Техничкиот факултет во Нови Сад (1982). Од 1970 до 1983 Каневче беше водечки истражувач во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, а потоа работеше како професор на Техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Каневче има престојувано и одржано предавања во повеќе земји, каде што остварил богата научна соработка. Тој од 1990 година до 1992 година беше раководител на постдипломските студии по процесно инженерство на Техничкиот факултет во Битола, каде што беше и декан (1995-1997). Беше претседател на Сенатот на Универзитетот во 2003. Од 2000 беше член на Македонската академија на науките и уметностите, како и член на МНД во Битола од 1986.
Погребот на академик Глигор Каневче ќе се одржи утре од 12 часот на Градските гробишта во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…