Неартикулирани батки од СДС се обидуваа да предизвикаат инцидент, полицијата слепа: Не стивнуваат реакциите за Мечкин Камен!

t

Не стивнуваат реакциите за денешната полициска бруталност и срамната прослава на Илинден на Мечкин Камен.

Приеутните реагираат на однесувањето на полицијата кон македонскиот народ кој како никогаш досега беше оддалечен од патеката по која поминува владината делегација.

– ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК

На пат кон Крушево нашите возила ги запреа на две места, од кои на второто не задржаа повеќе од 30 минути без никакво образложение, без обѕир што во колите имаше и 3 деца.

Откако одлучија дека може да продолжиме, цело време бевме под полициска придружба.

Штом се доближавме до “Мечкин камен” еден полициски службеник без да се идентификува, ни одзема транспарент на кој пишуваше “ПРЕДАВНИЦИ, ФАШИСТИ, КЛЕТИ ВРХОВИСТИ” поради тоа што тој сметал дека во напишаното содржело говор на омраза!

Штом почна да зборува Таче луѓето што самоволно дошле, поради револт спрема говорот на Таче, почнавме да свириме.

Неколку неартикулирани батки од СДС незадоволни од нашите свирежи, ни се приближија и почнаа да не буткаат “демек сме им свиреле науво” очигледно беше дека сакаа да испровоцираат за поголем инцидент!

За жал “нашата” полициска придружба беше “слепа”, па не ги забележа провокациите и моравме да ги повикаме.

Во Крушево имаше повеќе од 1500 полициски службеници!

Во време на турско ропство луѓето подобро се чувствувале, отколку денес на “Мечкин камен”!

Среќна 1903 Македонијо со овие изроди!

#НеВиСеПлашиме

#СиИгратеСоПогрешнатаГенерација, напиша Абрашев на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги…

Од формирањето на нашето Друштво во 2009…

Пожарот во Илинден локализиран со над 15…

Со над 25 тони вода, Одделот за…

Честитки за Илинден и од американската амбасада

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република…