Објавено на:

Незгодно за ПСЖ: Меси сака да ја покаже “божицата” пред навивачите во Париз

t

Најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство, Лионел Меси, имал барање до својот клуб Пари Сен Жермен, кое ги стави Светците во многу непријатна позиција.

Имено, Меси побарал од клубот да му дозволи да го покаже освоениот трофеј од Миндијалот во Катар пред навивачите на ПСЖ на првиот следен домашен меч. Шефовите во клубот не се сигурни што да прават и дали да му дозволат.

Проблемот е што од една страна, сакаат да му удоволат на Аргентинецот со кого се во преговори за продолжување на договорот, но од друга страна тие се француски клуб, и не знаат како ќе реагираат публиката и Килијан Мбапе кои беа поразени во финалето од Меси и другарите.

ПСЖ дома игра на 28-ми декември против Стразбур. Со пехарот во раце, Меси може да биде исвиркан и тоа да биде минус во преговорите да остане во клубот и после јуни, а ако не му дадат, Меси може тоа да го сфати дека е недоволно ценет од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меси по осми пат ја доби „Златната…

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната…