Неизживеаната власт со нова екскурзија на народна сметка – Левица бара јавно да се објават сите трошоци

t

Под параван на „меѓународно претставување“, власта на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребува државниот буџет за луксуз, комодитет и лични задоволства, додека народот преживува во услови на распаднато здравство, нефункционални институции и длабока сиромаштија. Овојпат, во Јапонија отпатуваа повеќе од 20 претставници на владата – министри, советници, портпароли и сопруги, на уште една раскошна, бесцелна и скапо платена „делегација“, чија реална корист за државата е непостоечка.

Да потсетиме: Владата претходно веќе потроши 10.380.340 денари само за осмислување на претставувањето на саемот.

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика – функционери со сопруги, службени патувања што мистериозно се совпаѓаат со туристички атракции, и сето тоа финансирано од народната каса. Очигледно, владиниот апарат станува алатка за лични „медени месеци“, каде државните интереси се само параван за раскошни уживања и неизживеани фотосесии.

Шетањето на членови на семејството не е исклучок, туку правило за оваа власт. Потсетуваме на случајот со синот на Мицкоски кој патуваше во САД, како и на сопругата на Африм Гаши во Вашингтон – за што Левица поднесе претставка, а случајот беше една од основите за интерпелацијата на Гаши. Истовремено, премиерот Мицкоски патува со бизнис класа, изнајмува приватни авиони поради ‘болки во колената’, а истовремено ја турка идејата за набавка на нов владин авион, што очигледно ќе служи не за државни итни случаи, туку за приватни прошетки на функционерите и нивните семејства.

Левица бара итно, прецизно и јавно објавување на сите трошоци поврзани со оваа екскурзија, поединечно за секој член на делегацијата, со јасно објаснување која била потребата и импактот од неговото или нејзиното присуство во Јапонија.

Ароганцијата со која оваа власт ги третира јавните средства, како лична сопственост, е навреда за секој граѓанин кој се бори за егзистенција и секојдневно се соочува со колабираните јавни услуги на државата. Овој однос кон народниот буџет крајно неодговорен и сведочи за целосно отуѓување на власта од реалноста во која живее мнозинството граѓани.
Наместо служба на народот, гледаме раскош за малкумина. Наместо отчетност – ароганција. Наместо државничко поведение – неизживеаност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…