Нека му е со среќа – му порача Мицкоски на Снопче по најавите дека ВЛЕН би можела да ја напушти Владата поради Законот за бранители

t

Премиерот Христијан Мицкоски му порача „нека му е со среќа“ на пратеникот Халил Снопче откако вчера тој во дебатна емисија изјави дека доколку се изгласа Законот за бранители, коалицијата ВЛЕН ќе ја напушти Владата.

Мицкоски го даде истиот одговор и кога беше запрашан за најавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за протести поради укинувањето на балансерот.

-Исто така и на него можам да му порачам добро здравје и со среќа, рече претседателот на Владата од општина Ѓорче Петров.

Снопче синоќа изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.

„Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БУГАРИЈА СО НЕПОВОЛНА СОЦИЈАЛНА СЛИКА: Околу 1,37…

Речиси 29 проценти од населението на Бугарија…

Петров: Оваа недела ќе го доставиме планот…

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата…

Фокс њуз: САД ја делат проценката на…

Американски разузнавачки претставници ја делат проценката на…

Физички го нападнал и му одзел телефон…

СВР Куманово поднело кривична пријава против Е.М.…

Хаос на Бихаќка по изјавата на Петров:…

Приближно 90 проценти од пратениците на СДСМ…