„НЕКОЈ САКА ДА ВНЕСЕ РАЗДОР ВО ПАРТИЈАТА“ – СДСМ Аеродром го осуди транспарентот против Филипче
Општинската организација СДСМ од Аеродром најостро го осудува поставувањето на транспарентот пред нивното седиште а кој се однесува на кандидатот за претседател на партијата, Венко Филипче.
„СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата. СДСМ Аеродром е отворена за секој, дава силна поддршка на фер и достоинствена кампања за претседател со цел демократски да избереме нов претседател и раководство кое ќе ја води партијата до нови победи. СДСМ Аеродром апелира граѓаните да не подлегнуваат на ваквите манипулации и подметнувања од оние кои не му мислат добро на СДСМ“, се наведува во реакцијата на Општинската организација СДСМ од Аеродром.
Денеска пред седиштето на СДСМ Аеродром беше поставен голем транспарент на кој пишуваше: „Венко (Заев) за вас вратата е затворена“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…