Нема бомби ниту во училиштата, судот и музеите – дојавите биле лажни
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки и во Управен суд, Музеј на македонска борба, Археолошки музеј, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски и девет училишта во Скопје, во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Претходно веќе информиравме дека завршија проверките и во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг и исто така беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…