Нема да има забрана за промет на основни прехранбени производи меѓу Албанија, Македонија и Србија

t

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Склучивме договор, кој сега се подготвува и ќе биде потпишан во Белград на следниот самит, веќе во септември, дека во рамките на Отворен Балкан нема да има забрани за трговија со брашно, шеќер и основни прехранбени производи, дека ќе таргетираме капацитетите за складирање и производство во сите три земји, за да можеме да ја дефинираме подготвеноста да има слободен проток на стоки, рече Чадеж на РТС.

Тој додаде дека ваквиот договор ќе ги поттикне и стопанствениците да склучуваат долгорочни договори бидејќи го имаат зборот на државата дека нема да има прекини, а ја содржи и одредбата дека е забранет реекспорт, за да се спречат манипулации.

Чадеж додаде дека се укинуваат даноците и таксите за увоз и извоз со Албанија.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…