Нема крај на хоророт во Жан Митрев: Кардиохирургот лекувал КОВИД без инфектолог!

t

Кардиохирургот Жан Митрев во својата болница нудел лекување и третман на заразната болест КОВИД-19 иако во неа нема вработено ниту еден инфектолог. Иако се работи за заразна болест, во Клиничката болница немало ангажирано стручен кадар за оваа медицинска гранка, иако Законот за здравствена заштита, односно Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи строго го регулира тоа. 

Од Јавното обвинителство кое денес поднесе обвинение против Жан Митрев за измама, затоа што ги држел пациентите во заблуда дека хемофилтрацијата лекува КОВИД-19, за овој дел коментираат:

“Делот со стручен кадар, односно немање на истиот во болницата не е ставен во обвинението, но сме запознаени за состојбата и тој дел ќе биде вклучен во одбрана со цел да се потврди измамата на пациентите“.

Според истиот Правилник, ако болницата нуди спцијалистичка дејност за заразни болести, тогаш треба да има и “ординација од 16м2, просторија за медицинска интервенција од 16м2, чекална од 20м2, два бокса за изолација од по 8м2, санитарен јазол за болни и вработени“.

Законот за здравствена заштита, односно Правилникот за негово прецизирање во член 34 е јасен и вели:

“За специјалистичко-консултативните служби потребно е најмалку по еден доктор на медицина специјалист од соодветната гранка на медицината со лиценца за работа и еден здравствен работник со средно образование од соодветната насока освен за хируршките гранки на медицината каде е потребно по еден доктор на медицина специјалист и двајца здравствени работници со средно образование од медицинска насока“.

Според член 41 “ако општата болница во одделни гранки на медицината има организирано и болничко лекување тогаш од стручен кадар има најмалку: 

1) За заразните болести, заболувањата на уво, нос и грло, максилофацијалната хирургија и очните заболувања на 15 болнички легла еден доктор на медицина или стоматолоција специјалист од соодветната гранка на специјалност со лиценца за работа и тројца здравствени работници со средно образование од медицинска насока“.

Денес скопското јавно обвинителство по обемно спроведена истрага поднесе обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и клиничката болница Филип Втори за кривично дело “измама“. За ова дело се предвидува затворска казна од 1 до 10 години.

Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, јавниот обвинител обезбеди докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од КОВИД-19  кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од КОВИД– 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од КОВИД-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од КОВИД-19. 

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди.​

Пишува: А.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…

Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Доктор Ацо ни го лекуваше целото семејство:…

Вчера во попладневните часови со неколку убодни…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…