НЕМА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: ТАВ Македонија со најново соопштение по дојавата за бомба на Скопскиот аеродром
Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, информираат од ТАВ Македонија.
-Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.
За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници да ја следат веб-страницата http://skp.airports.com.mk/, каде што информациите за полетувањата и слетувањата, се ажурираат во реално време. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, додаваат од ТАВ Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски воени авиони евакуирани од британска база…
Американското воено воздухопловство евакуирало авиони од воена…
Русија: Нема да се согласиме на примирје,…
Русија нема да се согласи на уште…
Рубио: Преговорите во Абу Даби се многу…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денешните трилатерални…
ВМРО ДПМНЕ: Додека инфлацијата во еврозоната достигна…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС продолжува со…
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…