„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“: Функционери на ДПМНЕ во Македонска Каменица им се закануваат на граѓани!

t

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му се закануваат на поранешен вработен во јавното претпријатие „Камена Река“ кој не сака да гласа за ДПМНЕ.

Поранешен вработен во претпријатието, на кој му е истечен договорот за вработување на определено време склучен преку приватна агенција, се обрати до Инфомакс поради закани кон него затоа што не сака да гласа, а не му исплаќаат ниту две плати за периодот кога бил ангажиран за работа во претпријатието.

Да разјасниме се. Лицето кое се обрати до Инфомакс вели дека договорот за вработување не му е продолжен за да го уценуваат да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Откако договорот за вработување не му бил продолжен, на човекот не му се исплатени ниту две заостанати плати. Најпрво заостанати биле платите за месеците октомври, ноември, декември, по што откако вработениот заедно со својот адвокат му пратил опомена пред тужба на директорот на претпријатието, му била исплатена само платата за октомври, а за месеците ноември и декември платата се уште не е исплатена.

Она што е пострашно, е што вработениот во претпријатието има редовна онлајн комуникација со директорот каде истиот му вели дека „многу пишува по Фејсбук“, а во живо добивал вербални закани од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе види после избори доколку не гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, го контактирал ваработениот и го известил дека договорот нема да му биле продолжен доколку не гласа за ВМРО-ДПМНЕ, по што вработениот одбива, но добива закани од други истакнати членови на партијата и стопанственик во Македонска Каменица.

Во продолжение комуникацијата на директорот на Јавното претпријатие „Камена Река“, Влатко Димитровски со поранешниот вработен.

Инаку, ние го контактиравме директорот за да даде свој коментар на ситуацијата, да ја потврди или демантира. Истиот најпрво се јави, па кога слушна дека го бараат новинари рече дека е зафатен и дека ќе се јави подоцна, но до овој момент не само што не се јави, туку и не одговара на нашите повици.

Демантирал или не, ова е злоупотреба на службената положба и овластување и прекршување на уставно згаарантиран право на граѓаните да гласаат или не гласаат по сопствено убедување! Уцена и закана е секако кривично дело, но уцена и закана со цел некој да гласа за било кого е прекршување на изборниот законик и кривично дело за кое е предвидена затворска казна.

ОЈО има обврска да го истражи случајот и да реагира на ваквото брутално кршење на уставно загарантираното право на глас на граѓаните!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…