Нема повредени во запалениот автобус на Водно, директорот на ЈСП вели дека бил празен
Двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ од линијата 25 се запали денеска на видиковецот на Водно. Во инцидентот нема повредени.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека скопските пожарникари интервенираат на местото и дека нема опасност огнот да се прошири кон блиската вегетација.
„Во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП. Скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат. Засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“, изјави Ангелов.
Директорот на ЈСП „Скопје“, Саше Илиевски, изјавил дека според првичните информации во автобусот немало патници.
Станува збор за автобус од линијата 25, која сообраќа до Средно Водно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…
Венс по изборниот пораз: „Причината поради која…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи…
САД придвижуваат редок разузнавачки авион кон исток,…
Американскиот разузнавачки авион RC-135U „Комбат сент“ е…
Дрекслермајер затвора во Србија, повеќе од илјада…
Германската компанија „Дрекслмаер“, производител на кабелски сетови…
Нови детали за двојната смрт во Богданци:…
Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во…