Непрописно возење и во Тетово – СВР Тетово изрече многу санкции за само три часа

t

Денеска (2 февруари) од 14 до 17 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците.

Во контролата, откриени и санкционирани се 19 возачи (ТЕ-15 и ГВ-4) кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

Во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-13 и ГВ-3).СВР Тетово ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и апелира до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…