Нерасчистени фамилијарни односи причини за тепачката во М-НАВ – Настанот немал никаква поврзаност со штрајкот и синдикатот!?
Инфомакс од свои извори дознава дека наводно причината за тепачката во М-НАВ не биле ниту синдикалните, ниту професионалните односи внатре во претпријатието, нашиот извор додава дека причина за тепачката не бил ниту најавуваниот штрајк на вработените во претпријатието поради партиски вработувања во М-НАВ.
Изворот вели дека се работело за тепачка помеѓу роднини, поточно баџанаци кои долги години биле вработени во претпријатието и напоменува дека се во семејна врска. Причината за тепачката не била штрајкот, односно противењето на вработените за вработување на партиски и непрофесионални кадри во компанијата туку нерасчистени фамилијарни односи и кавга која се провлекувала со години.
Изворот за Инфомакс дополнува дека тепачката не била во кулата за контрола на летање туку се случила на пауза од работните обврски во кантината, односно кујната на М-НАВ. Тој додава дека тепачите и оние кои пробувале да ги раздвојат и учествувале во конфликтот од прв до последен биле вработени во М-НАВ со исклучок на едно лице за кое судот определи мерка за претпазливост, одземање на неговата патна исправа.
На иницијатива на премиерот, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 9 јануари, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки, објави вечерва владината прес-служба.
1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Воедно, како што е најавено, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.
„Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај“, информираа од владината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…