„Нејзините болки се и мои“: Самохрана мајка на 5 деца од Гевгелија моли за помош на ќеркичката Луна

t

Елена Поп-Костова повторно испрати апел за помош за нејзината ќеркичка Луна, која итно мора да се оперира во Турција.

14-годишното девојче страда од сколиоза во последен стадиум, а има и дијагноза „Спастична церебрална парализа – квадриплегија“.

Мајката на Луна, која е самохрана и има уште 4 други деца, објасни дека иако првата операција ѝ помогнала на Луна да седи, нејзината состојба продолжила да се влошува и сега е животозагрозувачка.

Драги роднини и пријатели.

Ситуацијата на мојата ќерка се влошува. Првата операција која беше направена на 16 октомври 2023 година, Dorsal Rhizotomy, помина тешко и со неколку кризи, но има големи резултати. Успеа да седи иако е премногу искривена. Операцијата за главниот проблем сколиоза, која беше закажана за 30 октомври со причина ја одложија бидејќи е премногу слаба. Вчера добив информација дека операцијата мора да се направи бидејќи состојбата е загрозувачка по живот, но за истата потребно е да се да се доплати уште 10.000 евра, бидејќи колку е потешка ситуацијата и степенот на искривување, операцијата повеќе чини.

Рокот за доплата ни е многу краток, најдоцна до 5 декември и за жал, ако не успеам да доплатам и да добијам термин, нема да можеме да ја оперираме бидејќи е во ризична возрасна група. Луничка веќе сè повеќе има болки, а нејзините болки се и мои. Јас како самохрана мајка на 5 деца, не сум моќна да ги доплатам овие средства и затоа ве молам ако може да донирате со едно јавување од 100 денари кои за мене и нејзе значат многу. Ќе ве замолам да го споделувате колку што можете во поголем број овој пост.

За да донирате за Луна, јавете се на еден од следниве броеви за донации:

Броеви за донации:

А1: 143 – 600

Телеком: 143 – 103

Или направете уплата на:

Денарската сметка:

270 700 080 222 150

Или на Девизната сметка:

IBAN: MK07270700080222344

SWIFT: EXPCMK22 HALK BANK

Сопственик: Луна Поп-Костова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…

Трамп: Америка со последните избори направи голем…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…