Не заборавајте да готвите во мали тенџериња! Во Арачиново се потрошени 474% повеќе струја од лани
Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините покажуваат дека од вкупниот број, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само 3 имаат поголема потрошувачка во споредба со минатиот октомври 2021 година.
Ова денеска го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата.
Според податоците, најкритични се само три општини и тоа општините Арачиново со зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 проценти.
-Овие податоци за заштеда на електрична енергија покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно, електрична енергија, можат да се направат големи заштеди. Сакам да апелирам до сите компании и граѓаните, рационално да се троши електричната енергија. Ние како влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки за цел олеснување и намалени негативни ефекти од енергетската криза, рече Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…