Објавено на:

Не работат само со лозје: Стебла канабис високи два метри пронајдени во Неготино

t

Полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино вчера го лишиле од слобода Р.А.(44) од с.Пепелиште, неготинско.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива.

Жителот на село Пепелиште бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на аеродром во Шри Ланка: Уапсени…

Дваесет и двајца будистички монаси беа уапсени…

Заматена водата за пиење во Кавадарци и…

Заматена е водата за пиење во Кавадарци…

Две измами во ист ден во Неготино…

Во две успешни измами извршени во ист…

Вчера шест обиди за измами со лажни…

На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени…

Се огласи здружението за канабис „Билка“ –…

По заплената на пет тони марихуана во…