Не се знае кого санкционира, Русите или Американците? Бајден забрани увоз на руска вотка во САД!
Откако пред неколку дена САД забранија увоз на гас, нафта и јаглен од Русија, претседателот Џо Бајден објави нови санкции, кои опфаќаат и забрана за увоз на руските вотка, морски плодови и дијаманти.
Со ваквиот чекор, пренесува Би-би-си, се таргетираат дел од највредните извозни продукти на Русија и САД очекуваат на ваков начин да извршат притисок врз економијата на Москва.
– Забрануваме стоки од неколку сектори на руската економија, рече Бајден.
Ќе се забрани и извоз на луксузни стоки во Русија. Исто така, САД ќе го отповикаат статусот на Русија на „трајни нормални трговски односи“ што значи дека САД ќе воведат царини за широк спектар на руски стоки.
Претседателот посочи и дека ќе додадат имиња на уште неколку руски олигарси на листата санкционирани лица.
Бајден во обраќањето порача и дека рускиот претседател Владимир Путин не може да продолжи со војната со која ги загрозува основите на меѓународниот мир и стабилност, а потоа да бара финансиска помош од меѓународната заедница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…