„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту на Русија“: Вучиќ порача дека води самостојна и независна политика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека нема да им служи на големите сили, туку само на Србија бидејќи, како што нагласи, негова работа е да се грижи за земјата што ја претставува.
„Јас нема да му служам на никој – ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија… Ѝ служам само на Србија. Научете го тоа веќе еднаш. Нема да бидам ничија марионета. Јас сум Србин и српски претседател, и запомнете го тоа еднаш засекогаш. Секогаш ќе бидам Србин и српски претседател. И моја работа е да се грижам за оваа земја“, порача Вучиќ во изјава за српските медиуми.
За потсетување, претходно денеска, за време на обиколката на работите за реконструкција на Стариот железнички мост во Белград, Вучиќ изјави дека Србија не седи на повеќе столици, туку дека има само своја – српска столица.
Одговарајќи на прашањето како ги коментира критиките дека Србија седи на повеќе столици, тој рече дека за тоа го напаѓаат во Германија, САД, Англија, а неретко и во Русија и Украина.
„Воопшто не ми е грижа. Тоа само ја потврдува мојата политика. Јас не сакам да бидеме нечии слуги, јас сум избран, се заколнав на Уставот и на Мирославовото евангелие. Ако треба и жртва да поднесеме, за да си ја сочуваме нашата самостојност и нашата независност“, порача српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…
Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…
Казна од 3.000 евра за државјанин на…
Државјанин на Србија е казнет со вкупно…
Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…
САД нападнаа ирански ракетни фрлачи во Ормускиот…
Американската војска извршила нови напади врз ирански…