Нивото на реката Вардар во Велес од вчера до денес порасна за 36 сантиметри
Нивото на реката Вардар во Велес на мерното место кај Стар Мост по вчерашните дождови утрово изнесуваше 88 сантиметри, што е над просекот за октомври.
Во споредба со вчера кога се измерени 52 сантиметри, нивото на реката за еден ден пораснало за 36 сантиметри. Просекот за месец октомври изминатите години изнесувал 57 сантиметри, информираат за МИА од ЦУК Велес.
Овој месец најниско ниво на Вардар во Велес од само 14 сантиметри е измерено на 10 октомври, на 11 октомври било 22 сантиметри, на 12 октомври било 42 сантиметри, а на 13 октомври 48 сантиметри.
На 14 септември нивото на Вардар во Велес пораснало на 72 сантиметри, за наредниот ден на 15 октомври повторно да падне на 46 сантиметри, додека на 16 октомври нивото на реката Вардар во Велес било 50 сантиметри.
Од ЦУК појаснуваат дека освен дождовите за нивото на Вардар придонесува и испуштање на водата од акумулациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…