Ние не си припаѓаме само на себеси, туку и на Татковината: Груевски објави три писма од Тодор Александров до негови соработници

t

Поранешниот прмеиер Никола Груевски по повод 142-годишнината од раѓањето на Тодор Александров, на Фејсбук објави три писма од Александров до негови соработници во организацијата.

Во продолжение ја пренесуваме во целост објавата на Груевски:

– Тодор Александров е роден на 4. март 1881 год. Во сеќавање на овој славен македонски револуционер и лидер на ВМРО да се потсетиме на само пет од огоромниот број некови документи и писма објавени во книгата “Сѐ за Македонија” која преставува збирка на вакви документи (писма до конкретни значајни личности во Организацијата, циркулари писма и сл.) главно помеѓу 1919 и 1924 година.

Под финансиско покровителство на ВМРО-ДПМНЕ ја создаде за жал сега веќе покојниот д-р Зоран Тодоровски во 2005 година.

Книгата пред голем број присутни и пред медиумите ја промовиравме во салата на хотелот Холидеј Ин, што во тоа време преставуваше прв позначаен чекор кон рехабилитација на Тодор Александров во македонската јавност која во голема мерка беше, а дел е и денес, антагонизирана, согласно долгогодишните напори на историографијата на комунистичкиот режим во Македонија.

Првите три документи се писма на Тодор Александров а следните две се циркуларна писма/документи.

Од овие пет документи секој кој го интересира овој херојски историски лик може да долови дел од врмето, борбата за слободна и независна Македонија и за ликот и делото на Тодор Александров.

1.

Првото писмо е од Тодор Александров до Иван (Ванчо) Михајлов, двајцата сограѓани од Ново Село – Штип, кој во тоа време е секретар на Привременото задгранично претставништво. Во повеќето од документите тие се нарекуваат не по нивните имиња, туку по псевдонимите кои ги користеле.

Бр. 64 Писмо до Иван Михајлов од 26 ноември 1923 г. 26.11.1923 r. Копија за Пандов Петрофи, засега, само за нивна информација

Драги Брезов,

Твојата расеаност и во минатото често беше причина да не се завршуваат навреме организационите работи. Се сеќавам дека за некои работи требаше да пишувам по 2-3 пати. Никој друг не отворал и не предавал или препраќал отворени писма за мене или мои писма за други, а ти го правеше тоа многу често и по 2-3 пати бев принуден да ти забележувам.

До 9 јуни имаше оправдување за тебе: а) дека си преоптоварен со работа и б) прогонувањето на земјоделците.

Но и по превратот, неколку пати ти обрнував внимание:

1. Да се стави ред во расходите и да се штеди народната пapa;

2. Да не се шеташ често со автомобили и со пајтони и да не се врткаш често во Алказар и во други слични локали (лица блиски на Организацијата зборуваа за тебе: „Тој кој не стапнува на земјата…” или „Тој кој не слегува од автомобил или од пајтон.”…)

3. Да не задржуваш со недели мои писма од внатре или од провинцијата, испратени во твој плик, како што се случува често.

4. Да го уредите со Пандов и со Петрофи прашањето со парите и да се штеди итн. итн.

Имајќи ги предвид твојата голема расеаност, фактот дека живееш во стан во кој има жена крадачка од која настрадале Синоокиот и Стеселица, гласовите од нашите блиски дека си тргнал по лош пат, се плашам дека ти ќе се посрамотиш себеси и ќе ја компромитираш Организацијата и мене лично.

Имајќи го предвид горното, а со цел извршување наредбите на Организацијата (особено циркулар Бр. 580), неопходно е:

1. Да најдеш време по своето враќање од претстојната обиколка да си ги средиш сметките и да му ги предадеш на сметководителот.

2. Ти веќе да не се занимаваш со раздавање суми, туку да добиваш колку што ти се неопходни за издршка, со тоа што ке даваш белешки лицата да добиваат пари од домаќинот.

3. Да внимаваш да не оставаш незавршени најважни работи, како што е случајот со писмото за Беркман и да го сообразиш својот живот со позицијата што ја заземаш во

4. Да обрнуваш поголемо внимание на јавното мислене ВМРО-секретар на Привременото задгранично претставништво.

Сето тоа е неопходно:

а) за интересите на ВМРО и на борбена Македонија и

б) за тебе лично да го зачуваш своето добро име кое си го стекнал со големите заслуги што и ги даде на Македонската организација во многу тешки денови, кои продолжуваш да ги даваш и сега. Со мн[огу] срд[ечни] поздрави [потпис] М.

Христов

2.

Второто писмо е до Јордан Цицинков од Ново Село-Штип, атентаторот на Рајко Даскалов , министер за внатрешни работи на Бугарија во земјоделската влада на Станболиски.ж а потоа амбасадор во Прага, кого Цицонков го ликвидирал на улица во Прага приближувајќи се во непосредна негова близина, иако секогаш со е го имало државно обезбедување на земјата домаќин. Даскалов самиот барал да го испратат за амбасадор бидејки знаел дека е осуден на смрт од ВМРО заради сите злодела што како министер ги правел врз организацијата. Од тие причини ВМРО на Александров испратило атентатор во Прага, кој по пукањето е уапсен и кого по првото судење го ослободуваат, но тоа судење по надворешни интервенции се поништува и обновува. Писмото од Александров е испратено токму во времето кога Цицонков по втор пат треба да биде суден.

Бр. 185 Писмо до Јордан Цицонков од август 1924 г.

Драги Јордане,

Не ти се јавив досега бидејќи, до неодамна, патував низ родните места и не сакав да се знае местото на мојот престој. Сега, кога се прибрав на местата во Татковината што ти се познати, реков да ти се јавам.

Многу ни е тешко на сите твои другари и роднини што, и покрај твојата невиност и твоето ослободување од судот, се случи така да останеш уште да се мачиш таму.

Но, од друга страна, се тешиме со фактот дека твоите нови страдања се од полза за ослободителното народно дело бидејќи, при повторното разгледување на делото, твојот одличен бранител ќе ги користи објективните сведочења на добро избраните од него големи државници и видни општественици [и] публицисти, поголемиот број од големите сили и, на тој начин, не само што ќе утврди дека ти си еден голем идеалист – храбар човек кој решил да ги жртвува својот живот и својата младост за едно големо дело туку, што е поважно, ќе се утврди дека ВМРО е една идејна организација која, од жестокостите и од насилствата на тираните на Македонија е принудена да се бори за слободата на својата поробена Татковина.

Сите твои другари сме убедени дека ти ќе се држиш достојно при повторното разгледување на делото и дека ќе предизвикаш со тоа восхит кај сите кои те познаваат [па и во] јавното мислење во целиот свет, како што се случи со вештото извршување, на 26/VIII минатата година, на задачата што ти беше наложена, како и со твоето одлично држење пред I Прашки суд.

Знај дека големи грижи [?…] како од твојот главен бранител исто така од сите нас и од симпатизерите на нашето здружение ти да бидеш ослободен. Дури и Стариот (се однесува на писмо од самиот Т. Александров кое било прочитано на второто судење) испрати минатиот месец драгоцени писмени докази, многу корисни за објаснување на процесот.

Сите другари сме уверени дека Прашкиот суд нема да се погази себеси при второто разгледување на процесот и дека повторно ќе те ослободи. Го очекуваме среќниот ден кога ќе те видиме меѓу нас.

Знај само едно, дека многумина другари ти завидуваат оти го овековечи своето име и ги исполни со слава родниот град и својата Татковина.

Да знаеш колку души се подготвени веднаш да го жртвуваат својот живот за да ја добијат твојата заслужена слава, ти полесно и погордо би ја поднесувал својата тешка положба.

Со мене е братучед ти Димчо и тој ти пишува. И тој се истакна во неколку важни работи.

Сега сите очекуваме со своето достојно држење при второто разгледување на процесот повторно да се восхитат сите од Тебе, како што се случи првиот пат, и со тоа да им ја олесниш задачата на својот бранител и на судот за да бидеш пак ослободен, Да го зачуваш своето добро име и да ѝ услужиш на борбената Татковина! Се однесув дров. Види п нер, бранит ков од август

Многу срдечни поздрави од мене и од сите другари и роднини. Ти посакува се најдобро и те бакнува вујко ти Богдан

Август 1924 г.

3.

Третото писмо е од Тодор Александров до Панчо Михајлов-Чавдар, војвода роден и израснат во Ново Село- Штип, инаку кочански војвода и личност што важи за омилениот војвода на Тодор Александров, како и личност за кој се цени дека требало да биде негов природен наследник.

Бр. 188 Писмо до Панчо Михајлов

Драги Чавдаре,

За жал, органите на власта се тие кои најмногу го убиваат духот и ги деморализираат слабите карактери, наместо совесно да си ја вршат својата должност. Тие се оние кои меѓу членовите на организацијата го изнесуваат антагонизмот, кој се појавил меѓу тебе и Брљо. Со тоа се убива нашиот углед меѓу членовите на Внатрешната македонска револуционерна организација, во Бања, и кога луѓето не се посветени во нашата борба – а посебно меѓу посетителите на Бања, се создава впечаток дека таму е вистински пекол. За да те уверам колку пакости му се прават и му се наметнуваат на нашето ослободително дело, ќе ти наведам неколку примери и случаи за тоа што се зборува за тебе:

1. Некоја госпоѓа го читала твоето писмо коешто си ми го пишувал мене, во кое ѝ забрануваш да троши од оние 100 илјади лева што си ѝ ги дал на состанокот во Сарданикли.

2. На твојата жена си и пратил 6 или 16.000 лева да набави револвери, но не ги набавила.

3. Специјален курир многу често во твојата куќа носи по неколку пити кашкавал, месо, масло, ќебиња и друго.

4. Димитар Медарски донел откај тебе 20.000 лева и ѝ ги предал на твојата жена во присуство на железничките стражари.

5. Од жената на Петар од Белосава си барал 4 или 14 тур(ски) лири.

6. Твојата жена сакала да прави неколку златни заби и на забниот лекар му изјавила: ..Злато имам во изобилство”

7. Лош впечаток на месното население му остава раскошниот живот во твојата куќа. а) набавените скапи фустани, дијамантски прстени итн. на твојата жена; б) големата куќа со скапа кирија од 800-900 лева; в) слугинката ја плаќа месечно по 400 лева; г) голем и нов скап мебел, за кој соседите велат дека е донесен ноќе, а не дење, и тоа во неколку коли итн.

Јас живеам во мала куќичка во соби со низок таван, плаќам 100 лева и во куќата немам никаков свој мебел, 1-2 маси, едноставни дрвени, и неколку столови, 2 железни кревети коишто моите сестри-учителки, додека беа во Цариброд (1911-1912), ми ги набавија и што мојата сопруга ми донесе од Солун неколку стари меки столови, гардероба, мијалник, огледало и друго. Во случај ако доаѓаш в Софија, намини и увери се во овие мои наводи…

Според моето мислење, народниот борец треба да живее со един скромен и примерен, во секој поглед, живот. Иако и отпорано си имал свои пари, па и сега од организацијата земаш 50.000 лева, сепак, сметам дека е подобро и за тебе и за заедничкото дело, да живееш скромно.

Со многу искрени поздрави

[потпис] Богдан

П.С. Заинтересираните зборуваат уште и за тоа: дека си зел 12.000 лева од селата: Црварица, Валково и Ташаново и б) Дека си го ослободил Љубен Мицогански (избегал во Србија), вистински убиец (а стражарот си го убил) и друго.

Мислам дека повеќето вести пуштени против тебе се неточни и преувеличени, како што и обвинувањата против Стесел се покажаа неточни, но должност ми е да ти го кажам ова за да преземеш потребни чекори да го измиеш ова, за твое добро и за доброто на заедничкото дело.

Запомни дека ние не си припаѓаме само себе си!

(Села во наведените имиња во Македонија нема. Сигурно се работи за грешка во преводот на писмото)

4.

Четвртиот документ е еден од многуте циркуларни писма до раководните тела подготвени од Тодор Александров од кои се гледа карактерот но и редот и дисциплината која ја наметнува Т. Александров.

Бр. 18 Циркулар до околиските и селските раководни тела 25 август 1922 r.

За раководните тела – околиско и во селата на ……..околија.

Македонија. Слобода или смрт.

Внатрешната македонска организација, сакајќи да ги обезбеди животот, имотот и честа на своите членови, да ја подобри нивната материјална состојба и да ги заштити од лоши навики и од погубни расходи, смета дека е добро за вашата околија да ги издаде следниве наредби:

Се забранува:

1. Насила земање девојки, како и натрапување девојка за жена, од кого и да е, на момче кое не ја љуби и не ја сака. Женид- бите да се прават само ако девојката и момчето се сакаат еден со друг или ако доброволно се согласат да се земат.

2. Пијанството.

3. Беспричинското стрелање со револвери, со бојни пушки и со експлозивни бомби и сл.

4. Носење златен накит и правење [непотребна] облека како фустани од [?…] европ[ски] ткаенини.

5. Упропастувачките претерани трошоци и големите скапи дарови при крштавка, при голема свршувачка (офиц[ијал на] свршувачка), свадба и смртен случај (погреб), придружени, честопати, со пијанство и со скандали. Во такви случаи, може да се даваат мали дарови за спомен само за најблиските роднини и на закониците, на свештеникот, на црковниот пејач, на учителот, и тоа само еднаш, по повод случајот.

Височината на трошоците за пијачка, за гоштавките, за даровите и за облеката ги определува раководното тело според имотната состојба на домаќините.

Оние кои нема да ги извршуваат горните наредби, да се казнуваат, првиот пат: со ќотек 3-25 стапа, со глоба во полза на ло- калната каса – 100-2.000 лв., одземање на оружјето со кое е стрелано и др., а за секој следен пат, казната се определува во согласност со окол[иското] раковод[но] тело или со окол[иската] чета. Издадено со одобрение на Централниот] к[омитет на BMP Организација] Претставник на округот: Приврем[ен] околиски војвода:

5.

Петиот документ е циркулар потпишан од Т.Александров иниспратен на многу раководители во окрузите и околиските нелегални чети со кои идеолошки и организациски ја дооформува и зацврстува веќе обновената по првата светска војна ВМРО.

Бр. 17 Циркулар до раководителите на окрузите и до околиските нелегални групи во Македонија од 22 август 1922 г.

Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, откако ги зеде предвид:

1. Декларациите на бугарската влада од 1919 год. дека за создавање на Автономна Македонија таа е готова да го отстапи де- лот од неа што останал во границите на Царство Бугарија;

2. Дека во истата година бугарската влада предложи плебисцит за сите свои покраини за кои појавуваат претензии соседите на Бугарија, со молба тој да се простира и во Македонија, Добруџа и Тракија;

3. Дека населението во делот од Македонија останат под бугарска власт се искажа јасно дека ќе претпочита да влезе во составот на Автономна Македонија, штом таа ќе биде создадена и

4. Дека тоа население, по право и по обврска, како и исполнувајќи ја клетвата дадена во минатото пред Орг[анизација]та, не може да не ги помага, морално и материјално, борбите за слобода на своите браќа од поробена Македонија,

реши:

Да се обнови и да се реорганизира Организацијата во тој крај, како помошна на ВМРО, со следните цели:

1. Да ја помага морално и материјално ВМР Орг[анизација] во деловите на Македонија поробени под Србија и под Грција;

2. Да ги отстранува сите пречки за успехот на Орг[анизација]та, и тоа: уништување на разбојништвото, на шверцот и на шпионажата, казнување на крадците, на изнудувачите и на чиновниците поткупувачи и зулумџии и др.;

3. Да дава прием и соработка за наоѓање работа на качаци и на бегалци од Македонија под српско и под грчко ропство

кои се вратиле на одмор или за работа, како и да им помага на оние од нив кои сакаат да се вратат во своите родни места;

4. Да ги намали партиските борби таму до степен да не бидат штетни за каузата на робот;

5. Да им помага на законските власти за зацврстување на редот и на законитоста во тој, до неодамна, најбунтовен крај во Царство Бугарија;

6. Да создаде и таму милиции, главно за засилување на обезбедувањето на селата и на границата против напади од крадци, шверцери, наши и туѓи разбојнички банди и др. сл.

Организацијата во тие краишта, како и Макед[онската] организација] воопшто, е самостојна и непартиска; таа не се меша во внатрешните работи на Царство Бугарија, ниту зема страна во тамошните партиски борби. Меѓутоа, ако биде засегната или предизвикана од личности или од групи, независно какви убедувања имаат тие, Организацијата се расправа со нив лично, во согласност со правилникот и со своите традиции.

Со многу срдечни поздрави

Чл. на цен. к-т на Орг.

[потпис] Т. Александров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…

(Видео) Груевски: Честитки за прогласувањето на Бошковски…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја…