Низа апсења во повеќе македонски градови, но и на аеродромот во Скопје

t

Според полицискиот билтен, на 6 јануари 2024 и ноќта на 7 јануари, биле извршени повеќе полициски акции и приведени лица поради различни дела, меѓу кои и поседување наркотици, загрозување на безбедноста и пречекорување на дозволениот престој.

Притоа евидентирани се следниве настани:

Во Гази Баба уапесн е Д.Т. (26) поради поседување марихуана. Во Прилеп, при преглед на возило е пронајдена прашкаста материја и е уапсен Ф.И. (33). Во Велес за слично дело е уапсен 31-годишен велешанец А.Н.

На ГП Долно Блаце е приведен П.Б. (39) од Скопје за кој имало активна мерка за апсење по кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

На ГП Меѓународен Аеродром Скопје е уапсена Е.А. (18) од Турција поради пречекорување на дозволениот туристички престој во Македонија, а истото се случило и неколку часа подоцна, при што е уапсен А.Ф. (19) од Турција, поради исти причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…