Никифоров: Не е точно дека Зеленски не сакал да слуша за информациите од Бајден дека Русија подготвува инвазија
Портпаролот на украинскиот претседател, Сергеј Никифоров, денеска изјави дека не се точни тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Зеленски „не сакал да слуша” кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.
Никифоров изјави дека американскиот и украинскиот лидер се слушнале неколку пати пред да се влоши ситуацијата и дека Киев побарал воведување превентивни мерки против Москва, јави порталот „Известија”.
-Затоа треба да се разјасни фразата „не сакаше да слуша”. Дополнително, ако се сеќавате, претседателот на Украина ги повика партнерите да воведат пакет превентивни санкции со цел да ја поттикнат Русија да ги повлече своите трупи и да ја деескалира ситуацијата. И веќе можеме да кажеме дека нашите партнери „не сакаа да не слушнат”, изјави Никифоров.
Бајден претходно денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да слуша” кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.
-Ништо такво не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам, рече Бајден, обраќајќи им се на донаторите во Лос Анџелес за да соберат средства за Демократската партија.
Тој додаде дека знаел оти САД имаат информации дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја мине границата, пренесоа американските медиуми.
-Немаше сомнеж во тоа, но Зеленски не сакаше да слушне, рече Бајден.
Текст: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…