Николовски: 70 жени земјоделки добиваат по 6000 евра

t

Денеска сведочиме на уште едно ветување кое го дадовме пред жените земјоделки, на уште еден заеднички успех на кој сум особено горд. Потпишани се 70 договори од вториот јавен повик од мерката за поддршка на руралната жена, информира министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

6.000 евра по корисничка ќе добијат жените земјоделки на кои земјоделското производство им е основна дејност.

-Од овие средства жените земјоделки ќе може да набават опрема за винарство, линии за производство на сточна храна, опрема за производство на мед и пчелни производи, опрема за млинови, молзачки, машини за преработка на месо и останата преработувачка опрема со што ќе може да развијат нови брендови, нови производи, и нова додадена вредност во македонската економија, токму во руралните средини.

Со новата Програма за поддршка на малите производители на храна, овозможуваме грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство и директна продажба, преку која се очекува развој на над 2000 нови производители. Жените земјоделки ќе може да аплицираат и за новата мерка од Програмата за рурален развој со која со сопствен бизнис план и идеја, преку отворен јавен повик ќе може да аплицираат во текот на целата година и да создаваат свој препознатлив печат и бренд, велат од ресорот земјоделство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Макрон за Би-Би-Си: Израел да престане да…

Израел мора да престане да убива бебиња…

ДПА: Во Русија се регрутираат жени за…

Москва почна да регрутира жени за борбени…

Груевски сподели уште еден важен проект: Професионален…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели…