Николоски до Бујар Османи: Вистината боли ама мора да се кажува

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, реагира на изјавата на Бујар Османи дека “мавање со дрва и камења по Албанците значи дестабилизација на државата.”

– Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е.

Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е ,, научна фантастика“ . После неколку месеци таа ,,научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.

Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.

Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, напиша Николоски на Фејсбук.

ЛИНК од статусот на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…