Николоски најави предвремени парламентарни избори? Вели граѓаните ќе го казнат СДСМ

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговиот говор на настанот во Битола посветен на 100 дена од мандатот на градоначалниците, даде заклучок дека граѓаните ќе го казнат СДСМ на предвремените парламентарни избори.

Дали Николоски на овој начин соопштува дека предвремени парламентарни избори ќе има во скоро време?

Ова е дел од неговиот говор:

“Јасна е поставеноста на политичката сцена и јасно е кој каде е. ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски и од градоначалниците кои што реализираат проекти е на делот на реализација на проекти, на промени и на делот на кој што носи иднина, СДСМ сѐ уште од позадина раководено од Зоран Заев и од неговите пиуни кои што преставуваат најдобар израз на заевизмот е она што влече назад и што е ретроградно, ова денеска го истакна во неговиот говор потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на настанот „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој беше организиран во Битола.

Николоски потенцираше и дека власта во овие 100 дена правеше сѐ за да ја попречи работата на општините, па затоа се толкави долговите на истите и затоа не стигаат дотациите од буџетот. Со ваквата блокада според него власта сака да ги казни градоначалниците, но заборава дека го казнува народот кој ќе ја казни на локалните избори и ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори.

„Во такви услови тие мислат дека доколку ги казнат општините и доколку не помогнат на општините ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот, а народот не е наивен. Народот не треба да биде потценет затоа што добро разбира што прави оваа ненародна власт. Ја казни жестоко на локалните избори, а ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори коишто ќе се случат побрзо од што мислат“, заклучи Николоски.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК! Ова се…

Уставни измени, претседателски и парламентари избори и…

Десничарската партија на Герт Вилдерс победи на…

Партијата за слобода на Герт Вилдерс повеќе…

Денес втор круг од претседателските избори во…

Гласачите во Аргентина денеска ќе излезат на…

Мицкоски нема да биде “шпицен”, ќе биде…

Во интервју за порталот "Република", Христијан Мицкоски…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…