Николоски: Нема да дозволиме уставни измени!
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека веќе три дена на протестите против францускиот предлог има инфилтрирано провокатори кои треба да прават инциденти.
-Точно е дека има провокатори, и вечерва ги видовме. Но, 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите, рече Николоски.
Што се однесува до бараните промени на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат.
Претходно денеска Османи рече дека верува дека за уставни измени во Собранието ќе има 118 пратеници, не само двотеретинско мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…
Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…
Радев: Македонија треба само да ги впише…
Единственото нешто што треба да го направи…
Филков: Обидите да се прикаже законската обврска…
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си…
Филипче во последно време стана погласен за…
Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го…
Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат…