Николоски: Секогаш кога на ДУИ им паѓа рeјтингот, одат на нaционализам и отвораат теми како Косово и Албанија

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва гостуваше во емисијата ,,Клик плус” која се емитува на ТВ21.

Николоски говореше за вербалните напади од страна на ДУИ кои деновиве се упатени кон ВМРО-ДПМНЕ и рече дека тоа се случува бидејќи се чувствуваат комотно поради тоа што долго време се на власт, но и дека се поврзани со некои собитија во албанскиот политички блок. Кажа дека ДУИ очигледно се преценуваат и кога решаваат да влезат во дијалог со ВМРО-ДПМНЕ, треба да се соочат и со аргументите и фактите.

– Скоро и да нема човек со кој што разговараме, уште помалце луѓе кои се во деловниот свет, кои што не се жалат од институциите каде што има кадри на ДУИ пред сѐ, ќе бидам директен – во делот на корупција. И тоа е јавна тајна. На пример, во министерства каде што ДУИ има свои кадри, а кои се поврзани со издавање дозволи или концесии уште ценовник што немаат залепено на влезната врата. Луѓето не го пријавуваат тоа бидејќи се работи за комбинација од страв и притисок, страв затоа што ДУИ успеа овие 20 години да се распространи покрај во извршната и во судската власт, не е за потценување нивното влијание, што ми рече еден човек од Кичево, вели – во судот во Кичево проблеми имаат само Македонците, Турците, Ромите и Албанците кои што не гласаат за ДУИ. Така што, тој страв стои и од друга страна притисокот затоа што на крај луѓето гледаат и да завршат работа, но гласно зборуваат за тоа. Исто така, факт е дека имаме сериозни проблеми со безбедноста и дека има одредени сектори кои се контролирани од кадри на ДУИ кои што можат во одреден период да претставуваат и безбедносна закана за државата. – рече Николоски.

Тој додаде дека генералниот проблем е не само што се предолго на власт, туку и дека се исти кадри на власт, односно кај нив нема промена на генерации додека во ВМРО-ДПМНЕ ова е трета генерација на политичари, кај СДСМ втора или трета, додека кај ДУИ сѐ е исто од таму тие чувствуваат комоција за да се однесуваат така.

– Најголема жртва на лошото партицирање на власта на ДУИ е токму албанскиот народ, затоа што ако ги видите изборите ќе видите дека најмала излезеност има во средините во ко доминантно живеат Албанци што се сведува на две работи: демотивација за гласање но и големо иселување. Има иселување и кај Македонците, кај Турците, но кога ќе видите како стои таа мапа, најмногу иселувањето е кај Албанците и луѓето сигурно не си одат од тука затоа што им е добро тука, напротив, си одат од што не им е добро а 20 години гледаат иста приказна. Дете кое се родило во 2002 година веќе сега има 20 години и освен ДУИ и Ахмети не видело ништо друго. – додаде Николоски.

Во однос на посетата на Ахмети во Косово и средбата со министрите и Курти, Николоски кажа дека тоа е непочитување на институциите, Али Ахмети е само пратеник и тоа е неговата функција. Николоски запраша и во кое својство пратеник повикува министри и заменици и ги седнува лево и десно од себе и седи со премиерот на Косово.

– Она што е најпроблематично во целата оваа работа е што гледаме една дволичност, а дволичноста е секогаш кога на ДУИ му паѓа рејтингот, одат кон национализам, кон теми како Косово, Албанија итн. Секогаш кога сакаат да се додворат на меѓународната заедница, зборуваат дека проектот ,,Отворен Балкан” е добар, а Косово е против тој проект. Па еве, јавно нека ми одговорат од ДУИ, кој сака од таму, она што последно беше достигнување на проектот ,,Отворен Балкан” е дека ќе нема задржување на границите помеѓу Македонија, Албанија и Србија како земји членки на ,,Отворен Балкан”, па да ги прашам каде е границата помеѓу Србија и Албанија и на кој граничен премин помеѓу Србија и Албанија нема да има застој со проектот ,,Отворен Балкан”? – запраша Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Овие избори се борба за патот…

Овие избори се борба за патот кон…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

Напади на новинари и злоупотреби на медиуми…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

(Фото) Инцидент: Насилници од ДПМНЕ нападнаа доставувач на храна

Насилници нападнаа доставувач на храна за време…