Николоски: Се создава фрустрација кога граѓаните ги гледаат од владата како имаат став за бројни светски проблеми, ама немаат став за домашни проблеми

t

– Супстратот односно јадрото на ВМРО-ДПМНЕ пред се семејства кои што имаат пострадано во едноумието, на сите нас семејствата на еден или на друг начин. И тоа е една семејна или колективна меморија која што останува. И ВМРО-ДПМНЕ е пред се е едно движење кое што беше против едноумието, и кое што е јасно прозападно ориентирано и има бројни пресуди и пресуди, книги се цели издавани каде дејци на ВМРО се судени за прозападна ориентација и за барање на парламентарен систем во независна и обединета Македонија. Така што тоа е една семејна и колективна меморија која што стои во ВМРО-ДПМНЕ и која што не може да биде избришана, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Николоски додаде дека значаен дел од министрите и премиерот и претседателот на државата, многу малце се занимаваат со домашните проблеми, а многу се занимаваат со светските проблеми. И со тоа оваа Влада дополнително го изгуби кредибилетот за домашни проблеми. И затоа тоа создава фрустрација кога граѓаните ги гледаат од владата како имаат став за бројни светски проблеми, ама немаат став за домашни проблеми.

-На пример вчера скоро незабележана од јавноста или ако сакате од луѓето во СДСМ помина веста која што е поврзана со државата, а тоа е дека најмладиот во лозата на Заеви на само 18 години основа фирма за трговија со електрична енергија за која што мора да се добие лиценца односно дозвола од РКЕ а таа комисија е државно тело. Ние не зборуваме дека отворил ланец на бутици па нема потреба да се бара дозвола. Веста се објави благодарение на медиумите, но не гледаме никаква реакција од страна на било кој од СДСМ, ама гледаме реакција во однос на сето она што се случува на светската сцена. И тоа е тоа што ги нервира луѓето, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори бидејќи владата изгубила кредибилитет за решавање на домашни проблеми.

-Државата е во една континуирана криза. Да се случеа изборите како што баравме ние после локалните избори, ќе се случеа во втората половина на декември и сега ќе имаше влада со полн легитимитет. Ноември, декември, јануари Македонија немаше влада, а после тоа доби Влада која што рече дека ќе се занимава со економските прашања во државата ама тоа не го гледаме дека го прави тоа. Имаме еден концепт кој што е целосно поделен помеѓу двата партнери кои што комплетно одат на паралелни шини. И сето тоа на крај ќе заврши со предвремени избори, но само прашањето е колку време ќе се изгуби и секогаш мислам дека е правилно време за предвремени избори за да се стави крај на целата оваа ситуација која што не е природна. Македонија има премиер кој што не учествувал на избори, требаше да има зголемена владејачка коалиција но гледаме дека не е зголемена дека повторно седници не се случуваат во Собранието заради немање на кворум на владејачката коалиција, крупни проекти не се туркаат итн. и тоа значи дека предвремени избори се потребни заради рефинирање на односите во рамките на Собранието, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски…

Зборовите "јадете колачиња" во "Ако немате леб,…

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ…

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира…