Николоски: Со оваа власт се рушат темелите на државата, граѓаните не можат егзистенција да обезбедат, потребни се предвремени парламентарни избори за да се случат промени

t

Предвремените парламентарни избори се потреба повеќе на Македонија, отколку на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ кога и да има избори ќе победи, но Македонија не смее да губи време. Со оваа власт се рушат основните темели на државата, има раководство кое е спремно да преговара за се, а корупцијата ни е како на Колумбија и Етиопија, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Јади Бурек“ на ТВ Сонце, потенцирајќи дека граѓаните живеат се полошо, а катастрофата која се случува може да запре и да се смени само со промена на власт.

Затоа бараме предвремени избори да се сменат работите, а филозофијата на овие кои се на власт е да си крадат и да има катастрофа, ама надвор шминката да е добра. Но таа шминка не поминува затоа што ситуацијата е катастрофална. Многу луѓе не можат основна егзистенција да обезбедат. Доволно е да се отиде во маркет и да се види што може да се купи со 1000 денари во споредба со порано, па да се видат цените на горивото, цената на маслото кое е скоро дупло поскапено, шеќерот и лебот кои се поскапени. Тоа е целосно поскапување кое се случува и луѓето со иста плата помалку можат да се дозволат. Со оваа влада и енергетската криза само ќе се влоши и граѓаните ќе живеат уште потешко до наредната година, рече Николоски.

Тој додава дека на граѓаните им е преку глава од високата корупција, од Мајбах коли со регистрација ЗЗ или градежници кои купуваат компании и возат скапи коли во Монте Карло, преку глава им е од мали Заевци кои се утепаа од крадење, но преку глава им е и од неспособноста на власта која се гледа на пример по тоа што еден пат од Кичево до Охрид не може да го завршат.

Николоски посочи дека токму поради тоа што на наодот му е преку глава од криминалите и неспособноста на владата, ги казнија на локалните избори и гласаа за промени кои веќе се случуваат во општините каде ВМРО-ДПМНЕ победи.

Промените и проектите се случуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, целата екипа испорачува многу повеќе од тоа претходно. Има јасна слика кај се движиме, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека работите се менуваат на подобро. Ние излеговме со програма за секоја општина, партијата застана позади таа програма и имаме одговорност како се реализира истата, изјави Николоски.

Тој посочи дека сепак градоначалниците се соочуваат со сериозни проблеми од кои еден е цената за електрична енергија која за општините е поскапена 5 пати, што ќе им ги испразни буџетите.

– Тоа е дел од енергетската криза за што е виновна владата, а во регионот како Србија, Црна Гора струјата не е поскапува затоа владата треба да ја плати разликата на поскапувањето, бидејќи таа е виновна. Втора работа има проекти кои на општините се поврзани се со владата, а владата намерно ги кочи. Тоа е причина плус зошто треба да има предвремени парламентарни избори затоа што владата и општините мора да функционираат заеднички, потенцираше Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…

Петровска: Кога ќе дојдат, поставете им неколку…

Доста беше негрижа од градоначалниците и кревање…