Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог
Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.
Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови мостови, па потоа да се рушат старите мостови. Трасата е изместена поради изградбата на цевководот за наводување на Полошкиот регион.
-Ако ги срушиме мостовите тоа ќе биде сериозeн проблем за жителите бидејќи цели села и општнини, на пример Брвеница па и Гостивар ќе останат отсечени. Затоа со Изведувачот се договоривме прво да се работи на алтернативниот пат па потоа да се гради мост по мост и тоа прво да се изгради нов мост па да се руши стар мост. Исто така експропријацијата и таму ни излезе како проблем бидејќи таму не се претпоставувало изградба на цевковод за наводнување на Полог. Прво мораме да ја измениме трасата а тоа подразбира нова експрипријација и очекувам дека до март следната година ќе ја завршиме експропријацијатa, истакна министерот Николоски.
Во однос на трасата Гостивар Букојчани, потенцираше дека очекувано е да се заврши во рок од три години односно до крај на 2027 година, а за следната година во буџетот предвидени се околу 8 милијарди денари за изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…