Никој не ѝ пречи на Македонија да донира учебници за Македонците во Албанија, ама треба волја
Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук ја коментира најавата дека Бугарија ќе доделува стипендии и книги на македонското малцинство во Албанија за да го изучиваат бугарскиот јазик.
– СЕРВИЛНОСТ.
Бугарија доделувала материјални средства/стипендии, меѓутоа и книги на македонското малцинство во соседните земји и области – како што се Албанија или Гора. Меѓутоа, кој ѝ пречи на Република Македонија да го стори истото – да донира учебници, книги, брошури или да стипендира (на сите нивоа) Македонци, кои живеат надвор од својата матична држава, како што тоа го прават многу други земји. Или сѐ се сведува на легендарното „Трај Трајче, оти некој од соседите би можел да се налути, а ние (‘кутрите’) сме сами.“ Демек, кој ќе нѐ брани? Пуста државна сервилност. П.С. Јас, на пример, пред повеќе од десетина година (со помош на ИТВО) донирав триесет пакети, секој со по три мои книги, и за тоа немав никакви последици. Само што треба да се има волја, желба и одлучност. Сѐ друго се само празни сказни, напиша Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…