Ништо од зелената ера: Пелистер загуби во Битола и испадна од Европа

t

Нема пролет во Еропа за Пелистер и покрај тоа што шансата изгледаше идеална, со вечерашниот домашен натпревар против Мотор Запорожје. Меѓутоа, не помогна ниту фактот што и реми беше доволно за битолчани да се пласираат во осминафиналето и наместо тоа претрпеа пораз, со 25-27.

Речиси, цел натпревар зелено-белите бркаа негатива зад украинскиот тим, со исклучок на неколку добри минути во првиот дел. Но, додека дојдат до нив, отворија со 0-3 и беа во минус десетина минути. Со низа од три гола и, конечно, усогласена игра во одбраната, направија пресврт и поведоа со 8-7 во 12. минута.

Ова беше шанса да се преземат уздите од натпреварот, меѓутоа Мотор имаше свои адути, пред се во голманот Генади Комок и во „топџијата“ Ихор Турченко. Тие го водеа членот на германската втора Бундеслига назад до водство и до 15-13 на паузата. Во тоа им помогна постот од шест минути на „пелистерци“ без гол, кон крајот на полувремето.

Како почна второто, не навести дека нешто ќе се смени, па Украинците првпат заминаа на плус четири, со 18-14 во 34. минута. Но, Пелистер повторно покажа знаци на живот и повторно поведен од Марио Танкоски, како и во серијата од првото полувреме. Средниот бек сега постигна три гола во низата од 5-1, за враќање на резултатска нула, 19-19 во 41. минута.

Сепак, тоа беше примерок за индивидуален блесок, какви што ги имаше повремено само уште Каспер Кисум, што се покажа недоволно за исчекор кон Европа. Нападот остана безидеен пред длабоката 6-0 зона на Мотор и до крајот на мечот само Танкоски успеваше да промени нешто. Ги постигна последните четири гола на својот тим.

По погодокот на Усама Хосни во 49. минута (21-22), ниту еден друг не успеа да го совлада Комок освен Танкоски, а на спротивната страна премногу лесно беше пробивана зоната, најчесто со удари од далечина на Турченко или со влезови меѓу зоната на битолчани. Имаше услови и за последен замав, напад на 40 секунди до крајот, кој донесе чиста позиција од крило, но капитенот Мирко Радовиќ не ја најде целта.

Танкоски блескаше со девет гола од 10 обиди, сите од игра, но најконкретна поддршка имаше само од Денис Васиљев со четири гола. На спротивната страна Турченко застана на седум, додека голманот Комок имаше 13 одбрани, речиси двојно повеќе од Урбан Лесјак, кој остана со седум.

Пелистер има шест бода, доволни за петтото место во групата Д, а Мотор го прескокна и со седум ја освои четвртата позиција, која носи во осминафиналето, против Нексе.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени…

Според висок израелски функционер, Израел ги информирал…

Двајца Турци седум години тероризирале татко и…

Кривична пријава е поднесена против двајца турски…

Албанија: 11 уапсени по убиство на млад…

Млад 20-годишен турист од Португалија е убиен…

СДСМ: Клековски ги празни базените што ги…

Од СДСМ посочуваат дека единствениот државен ПЕТ-скенер…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред фактите пропаднаа обидите на талогот…

Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на…