Ни се налутија: Намален бројот на посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево!
Втора недела по ред намален е бројот на посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево. И оваа сабота како и претходната, пазарџиите се пожалија дека ја нема вообичаената врвулица со гости од соседството, што според нив можеби се должи на неодамнешните политички случувања во двете земји.
-Не можеме да тврдиме со сигурност колку последните политички случувања влијаеја на посетата на државјани од Република Бугарија, но мислам дека барем последниот месец значајно е намален бројот на Бугари на саботниот пазар во Делчево. Ние немаме проблем со нив, бидејки тие се наши муштерии, купуваат речиси од се што продаваме и имаме огромна корист од тоа, вели трговец од Делчево.
Последната поголема група посетители од Бугарија беше забележана на денот на одбележувањето на роденденот на великанот Гоце Делчев. Тие тогаш потенцираа дека политика не ги интересира, и дека во Делчево кој е прв град по поминувањето на бугарско-македонската граница доаѓаат исклучиво по работа, да си купат нешто од пазарот и да посетат стоматолог, бидејки цената на овдешната стоматолошка услуга е поевтина од онаа во Бугарија.
Во меѓувреме во Делчево заврши изградбата на новиот градски пазар, а очекувањата на пазарџиите се час поскоро пазарот и официјално да започне со работа.
Освен подобрени услови за пласман на своите производи, пазарџиите од новиот градски пазат очекуваат подобра заштита, особено во зимски услови.
-Имајки предвид дека пазарот е покриен и заграден од две страни сметам дека ќе бидеме заштитени во услови кога врне дожд или снег. Од друга страна просторот е поголем што значи и поголем проток на луѓе, а со тоа и поголема можност за заработка, велат дел од пазарџиите кои денес во рамки на пазарниот ден ги изложија своите производи на стариот пазар во центарот на градот.
Наредниот период со одлука на Советот на Општина Делчево, новиот градски пазар се очекува да биде предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ кое ќе има обврска да се грижи за објектот, но и да спроведе транспарентна постапка за изнајмување на тезгите и дуќаните во рамките на објектот-градски пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…