Ни Шолц не сака Русите да ја имаат неговата ДНК – Одби да го тестираат за Ковид-19
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Москва, на разговор со рускиот претседател околу деескалација на тензиите на руско – украинската граница, но пред средбата го одби ПЦР тестот, понуден од домаќините.
Наместо руски тест, Шолц одлучи лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, информираат извори од германската делегација.
И францускиот претседател Емануел Макрон, минатата недела, исто така, одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин.
Затоа, разговорот на Макрон и Путин се одвиваше на маса долга шест метри, како би се запазила физичката дистанца. На прес конференцијата по средбата, двајцата стоеја оддалечени еден од друг неколку метри.
Шолц е последниот во низата западни шефови на држави и влади, кои се вклучени во силната дипломатска офанзива за спречување на војната во Украина. Мисијата е чувствителна, бидејќи Германија е рускиот најголем трговски партнер во Европа.
Предвидено е состанокот во Кремљ да трае неколку часа, што ќе заврши со заедничка прес конференција.
Посетата е во време кога германско – руските односи се на најниско ниво. Украинската криза веројатно ќе ги засени неколкуте нерешени билатерални конфликти меѓу Берлин и Москва.
Шолц, за време на вчерашната посета во Киев, изјави дека сака да лобира кај Путин за смирување на кризата во Украина. Акумулацијата на десетици илјади руски војници долж украинската граница, Шолц ја опиша како нешто „несфатливо“.
Тој ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, па нагласи дека ЕУ и САД се подготвени да одговорат со остри економски санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…