Новата социјална мрежа на Трамп започнува со работа од февруари

t

Социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне да функционира на 21 февруари. Медиумот се нарекува Тру Социал и се раководи од Трумп Медиа & Технологи Груп.

Тоа е извесна алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија американските медиуми. Ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите на платформата уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења. Мрежата почнува со работа кога САД го слават Денот на претседателот (третиот понеделник во февруари). (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Првични информации: Зошто падна Фејсбук?

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се…

Се врати Фејсбук: Останатите платформи сè уште…

Фејсбук успеа да ги врати своите услуги…

Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…

Ако го читате овој пост тоа е…