НОВА НЕСРЕЌА ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА: Тешка сообраќајка на патот Штип-Велес, едно лице загина
Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди за МИА портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.
Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и бмв со радовишки регистерски таблички. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…