Објавено на:

Нова песна и видео спот на Брука – Зелено

t

Брука со нова песна и видео – Зелено
По повод 20ти Април ( 4.20 ) неофицијалниот празник на сите почитувачи на канабисот, реге бендот Брука ја пушти во етер својата најнова песна “Зелено”. Низ видеото во кое може да се изнагледате на убавините на полиња со канабис, како и самиот процес на одгледување и конзумирање бендот сака да испрати ГЛАСНА порака за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на канбисот.
Музиката и аранжманот се дело на членовите на бендот, Дарко и Жарко Масларковски – текст и викали, Александар Савовски – гитара и бас, Лупчо Симоновски – тапани и перкусии и програмирање, микс и мастеринг, Валентин Видовиќ – сакс, кларинет и перкусии.
Зад видео приказната стои АГИЛА ГЕРИЛА, снимано е во Швајцарија и Македонија и искористен е материјал од концертот на Брука во МКЦ.

-“Се надеваме дека ќе допринесеме за конечна легализација и декриминализација на растението канабис”, изјавија од бендот Брука.
” САКАМ ДА СИ САДАМ АМА НЕ САКАМ АПСАНА “- лајт мотивот на песната.
Тие инаку работат на својот втор албум, материјалот е спремен и во фаза на снимање. Најавуваат активно лето исполнето со многу музика, песни, настапи концерти и многу изненаДУВАЊЕ.
Погледнето го видеото и слушнете ја ЗЕЛЕНО :

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кадиров напиша и изрецитира песна за…

Рамзан Кадиров прочита песна за Украина, во…

Нова песна и видео спот на Брука…

Брука со нова песна и видео -…

(Видео) ЕЖЕЊЕ: Јапонецот Кутецу со нова македонска…

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу деновиве објави…

(Видео) „Добро утро, добар ден, денот да…

Инзвонредниот талент кој ја негува македонската традиционална…

„Circles“ ќе се пее во Торино! Андреа…

Во вчерашното издание на емисијата „Стисни Плеј“…